Trener Za Zdravje
Trener Za Zdravje Health Coach – личен тренер за реална и долгорочна промена
Trener Za Zdravje
Животот и здравјето не се мотивациски цитати.
Тие се резултат на избори, дисциплина и доследност.
ДА БИДЕМЕ ИСКРЕНИ ОД ПОЧЕТОК
Ако:
🟢 си подготвен да ја прифатиш вистината
🟢 знаеш дека имаш проблем и сакаш да го решиш
🟢 бараш водство, не изговори
→ тогаш можеме да работиме заедно.
ШТО ЗНАЧИ Trener Za Zdravje
Ова не е диета.
Не е фитнес тренд.
Не е краткорочна мотивација.Ова е процес.
Работиме на:
🟢исхрана (реална, одржлива, без екстреми)
🟢движење прилагодено на твојата состојба
🟢сон, ритам и навики
🟢ментален пристап и дисциплина
🟢Целта не е „да ослабеш за лето“.
🟢Целта е да го вратиш контролата врз своето тело и здравје.
СО КОГО РАБОТАМ
Работам со луѓе кои:
имаат вишок килограми и се свесни за тоа
имаат здравствени проблеми или ризици
се уморни од почнување и откажување
сакаат долгорочна промена, не брзо решение
КАКО ИЗГЛЕДА СОРАБОТКАТА
Започнуваме со разговор
Ја проценуваме твојата состојба и подготвеност
Искрено кажуваме дали сме добар match
Ако не сме – ќе ти го кажам тоа отворено.
Ако сме – почнуваме со јасен план и очекувања.
ОВА НЕ Е ЛЕСЕН ПАТ АМА Е ВИСТИНСКИ
Trener Za Zdravje Најчесто поставувани прашања
Што е Trener za zdravje?
Trener za zdravje е персонален здравствен тренер кој ти помага да изградиш здрави навики преку правилна исхрана, умерена физичка активност и свесен начин на живот. Фокусот не е на диети, туку на долгорочно здравје.
Дали морам да држам диета?
Не.
Овде не работиме со строги диети, забрани или броење калории. Работиме со реални и одржливи избори што можеш да ги примениш во секојдневниот живот.
Дали планот е индивидуален?
Да. Секој план е целосно индивидуален, прилагоден според:
- твојата моментална состојба
- цели
- начин на живот
- ниво на подготвеност
Дали работиш онлајн или во живо?
Работам онлајн, што значи дека можеш да добиеш поддршка без разлика каде се наоѓаш. Комуникацијата е флексибилна и прилагодена на тебе.
За кого е наменета оваа соработка?
Ова е за тебе ако:
- сакаш подобро здравје, но не знаеш од каде да почнеш
- си уморен/а од диети и екстреми
- чувствуваш стрес, замор или недостиг на енергија
- сакаш поддршка и јасна насока
Колку трае процесот?
Здравјето не е брз проект.
Процесот е индивидуален и зависи од твоите цели и посветеност. Фокусот е на стабилна и долгорочна промена, не на брзи резултати.
Дали ова е само за слабеење?
Не.
Слабеењето може да биде дел од процесот, но главната цел е:
- подобро здравје
- повеќе енергија
- подобар однос со храната и телото
Како можам да започнам?
Многу едноставно:
1️⃣ Пишуваш порака
2️⃣ Започнуваме со разговор
3️⃣ Ја проценуваме твојата состојба и подготвеност
Потоа одлучуваме дали и како продолжуваме.
Како да те контактирам?
📧 Email: trenerzazdravje@gmail.com
📷 Instagram: @trener_za_zdravje